По сообраќајка што се случила кај обиколницата на патниот правец од Скопје кон Тетово се опожарило возило. Повеќе медиуми јавуваат дека е поставена блокада пред Шуто Оризари.

Од МВР информираат дека сообраќајката се случила меѓу едно товарно и две патнички возила, како и тоа дека нивни екипи моментално се на терен.