За време на финалето на Супер Боул, покрај спектакуларниот настап на Лејди Гага, посетителите и гледачите се израдуваа и на првиот трејлер за втората сезона од хит серијалот Stranger Things.
Серијалот кој собра голем број награди за првата сезона, премиерата на првата епизода од новата сезона ќе ја доживее на 31 октомври годинава, односно на Ноќта на вештерките.
Според она што може да се види во видеото долго 36 секунди, во втората сезона може да се очекува враќањето на Елевен, а битката против паранормалните појави зема поголем замав. Односно, како што вели рекламата, „светот се превртува наопаку“.