ВИДЕО: Погледнете што им рече Џеват Адеми на Муса Џафери и Артан Груби, по состанокот на ДУИ

од Vladimir Zorba

Средбата на централното раководство на ДУИ заврши доцна синоќа. Сепак, според она што се случуваше пред седиштето на партијата во Мала Речица, веројатно на состанокот не кажале се што имаат, пренесува ТВ21.

Во еден момент, Џеват Адеми тивко изјави дека вакво нешто се случува само во ДУИ.

Но, Муса Џафери покажувајќи со раката кон Артан Груби и Џеват Адеми им ја посочи СДСМ.

Џеват Адеми- „Не, не, не. ВМРО, ВМРО, СДСМ!“

Дали на шега или не, ова пратеникот Џеват Адеми го изјави по завршувањето на состанокот во Мала Речица по маратонските преговори на централното раководство.

Од девет часовната дискусија стигна веста дека ДУИ ќе ги даде потписите на Социјал Демократскиот Сојуз за добивање мандат за формирање влада.

“Централното раководство на ДУИ продолжува со најавената дебата во врска со споменатите две опции-да учествува, или да поддржи малцинска влада! Но, поради одредени околности кои се однесуваат на рокови, како и одредени итни ситуации кои се поврзани со рокови, централното раководство одлучи да ја даде поддршката односно потписите на СДСМ, за да го добие мандатот и да отпочне одредени процеси. Меѓутоа, ова не значи дека имаме договор за коалицирање или дека ова ќе заврши со договор за коалиција”, рече Османи“, изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

 Временските рокови, како што објасни тој, се поврзани со објавата на датумот за локални избори.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, даде кратка изјава по средбата.

“Тоа што го изјави Бујар е официјален став и секој оној кој ќе искоментира нешто друго, излегува надвор од рамките,бидејќи ДУИ донесе одредени одлуки. Ова значи дека преговорите ќе продолжат и во иднина”, изјави Али Ахмети

Откако им ги дадоа потписите, потпретседателката Теута Арифи, рече дека треба уште да се работи пред биде позната улогата на ДУИ во владата со која се очекува да раководи Зоран Заев.

“Во принцип, доколку има потреба, дебатата за одредени прашања може да продолжи, доколку не повика претседателот”. “Сите опции се отворени и со конструктивни преговори ќе го избереме најдоброто”, изјави Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ.

Од следната недела, се очекува ДУИ да продолжи со внатрешните консултации, во врска со одговорот кој треба да им го дадат на социјалдемократите, а е поврзан со локалните избори. Доколку оваа тема се затвори со договор на двете страни тогаш не треба да се очекуваат пречки СДСМ и ДУИ да ја формираат идната извршна власт.

loading...

Слични содржини