Илјадници српски полицајци за борба со безредијата денес го опколија центарот на Белград, каде се одржа геј парада, пренесоа агенциите. Силите на редот беа мобилизирани поради загриженоста од напади на екстремисти, пренесоа американските медиуми.

Хеликоптери кружат над центарот на градот, кој беше отцепен за движење рано утринава – часови пред планираниот почеток на манифестацијата.
Властите откажаа неколку геј паради во Белград по масовните судири со екстремисти во 2010 година, кога над 100 полицајци и екстремисти беа повредени.

Традиционално Прајд во Белград се прифаќа се неодобрување од голем дел од конзервативните Срби. Првиот обид за сличен настан во 2001 година отпочна со улично насилство, што дури и на Балканот се гледа релативно ретко. Подолу видете архива одепортажа од тогаш:
https://youtu.be/A0wuGPE7a-Y
Снимките од денешната парада: