(ВИДЕО) Претседатели кои ја знаеја вистината за НЛО и за вонземjани!?

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Сите претседатели, почнувајќи од Френклин Рузвелт до денешни дни, имале информации дека Земјата е посетена од вонземјани. Но вистината за овие посети беше скриена од светот. Слични тврдења има во книгата “Претседателите и НЛО: Тајната историја од Рузвелт до Oбама”, која е напишана од уфологот Лери Холкомб. Истражувањата се појавија во момент кога дури и Елен Стофан, главен советник на администраторот на НАСА Чарлс Болдн во истражувачки програми, планирање и инвестиции, рече дека има убедливи знаци за постоење на вонземски живот кои ќе бидат потврдени во наредните 10 години.

Според Холкомб НЛО не е измислица и сега никој разумен човек не може да ги негира. Тој вели дека американските претседатели никогаш не го признале постоењето на вонземски живот и сите овие контакти. Но, тоа не значи дека тие не биле свесни.

Холкомб е сигурен дека инцидентот во 1942 година, кој подоцна го добил името “Битката за Лос Анџелес”, не била лажна тревога. Противвоздушната одбрана навистина погодува НЛО, кој се урнало и паѓа во рацете на војската. Значи овој инцидент му бил познат на Рузвелт, како врховен командант, а и на сите негови наследници. Никаква официјална информација не е објавена и за тоа дека неидентификувани летечки чинии се забележани на небото и кај наследникот на Рузвелт – Хари Труман.

А следниот претседател Двајт Ајзенхауер воопшто забранува да се објави секоја информација која е поврзана со НЛО кое падна во 1947 година недалеку од Росвел, Ново Мексико. Во 2014 година, бугарскиот научник и уфолог проф.Лачезар Филипов вели во интервју дека на годишната средба на космолози, астрофизици и уфолози одржана истата година во Сан Марино, Лаура Ајзенхауер прави вистинска сензација, која потврдува дека претседателот Ајзенхауер навистина се сретнал со претставници на вонземјаните. Ова тој го споделил со најблиските непосредно пред својата смрт. Холкомб тврди дека за активностите за вонземјаните знаеле и Џон Кенеди, Ричард Никсон, Роналд Реган и Џими Картер.