ВИДЕО: Револтирани граѓани поради зголемената цена на струјата го блокираа автопатот Тетово-Скопје

од Берта Китинска

Aвтопатот Тетово-Скопје вечерва беше ненајавено блокиран 30-тина минути поради протест.

Протестот беше организиран од дваесетина автомобили со луѓе од дел од иницијативата „Доста е”  коивеќе осум недели организираат јавни протести во тетовско поради незадоволство и револт од зголемување на цената на електричната енергија.

Околу 19 часот групата со своите автобилите стигнаа до пред Желино каде го блокираа движењето на останатите возила на потегот од Тетово до Желино. Сообраќајот на тој начин беше блокиран околу 30-тина минути по што групата ги тргна возилата и замина.

Ваков протест со блокада на автопатот имаше на 21 август. Минатата недела јавни протести беа организирани и во неколку рурални средини.

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на пет отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој што ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании.

Policia arrinë në vendin ku protestuesit kanë bllokuar rrugën

Публикувахте от Albanews24 в Петък, 25 септември 2020 г.

Слични содржини