ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев рано утрово

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили рано утринава извршија интензивен воздушен напад врз Киев користејќи беспилотни летала и крстаречки, а веројатно и балистички ракети, објавија градските власти. Ова е осми воздушен напад овој месец.

„Беше исклучителен во однос на интензитетот – максимален број проектили во најкус можен рок“, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација на главниот град на Украина.

„Според прелиминарните информации, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев се откриени и уништени“, додаде тој.

Се уште не е познато колку објекти се уништени и дали некои од нив успеале да ги погодат своите цели.

Украинската служба за итни случаи објави фотографии од пожарникари кои гаснат пожари во Киев по рускиот ракетен напад утринава.

Сведок на „Ројтерс“ во Киев изјави дека слушнал неколку експлозии кои звучеле како противвоздушна одбрана.

Кличко: Тројца повредени во нападот

Според градоначалникот на украинската престолнина, три лица се повредени а неколку автомобили и згради во населбата Соломјански во западниот дел на градот биле оштетени.

Слични содржини