Вработен на грчката крајбрежна стража намерно го дупнува гумениот чамец полн со сириски бегалци, по што ги напушта да потонат и да се удават.
Тоа се гледа од кадрите на видео направена пред една недела, а во бродот има 60 луѓе кои молат за помош во водите на Егејското Море.
Видеото беше објавено од турските власти, а Владата испрати протестна нота до властите во Атина.
Откако го дуонува чамецот, патролираат брод на грчката крајбрежна стража се оддалечува од потонувачкиот чамец. Сиријците се спасени од турските сили.
Туск : ЕУ е подготвена да ѝ даде хуманитарна и техничка помош на Македонија
“Сакаме вашата крајбрежна стража да се воздржи од слични активности”, напиша турскиот адмирал Хакан Јустем до својот грчки колега.
“Индипендент” предаде дека заменик-шефот на грчките морски сили Атанасиос Атанасопулос бил шокиран од кадрите и започнал истрага на случајот.
