(ВИДЕО) СДСМ: Образованието во Македонија е во катастрофална состојба

од desk3
130 прегледи
Денеска, на почетокот на новата учебна година сакаме да им го честитаме првиот училишен ден на сите ученици, на нивните родители, но и на сите наставници и вработени во нашето образование.

Образованието во Република Македонија е во катастрофална состојба. Владата и министрите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ носеа лоши закони, остваруваа погрешни цели и трошеа многу пари на промашени проекти. Ја понижија просветата, особено со екстерното тестирање, кое веднаш да кажам – ќе биде укинато.

Ќе создадеме образовен систем што ќе создава силни индивидуи, со сопствен став и мотивација активно да го градат општеството.

Ние во СДСМ нудиме програма и мерки кои во нашето образование ќе ја вратат суштината, светлината и иднината, преку три основни приоритети.

Наместо преобемните програми, лошите учебници и голата фактографија и тестирања, прв приоритет ќе ни бидат децата и нивната задолжителна програма, преку:
– намалување на наставните содржини и предмети,
– подигнување на степенот на употребливост на знаењето,
– професионалното насочување и работа со децата и
– поттикнување на вработувањата на завршените ученици од средните стручни училишта.

Наместо притисоците и казните кои беа основен метод на работа на ВМРО-ДПМНЕ, втор врвен приоритет ќе ни биде поддршката на наставниците, преку:
– укинување на екстерното тестирање,
– ослободување од прекумерната административна работа и
– мотивирање и наградување на наставниот кадар.

Наместо тензичното носење закони по кратка постапка и секојдневни измени во нив, трет приоритет ќе ни биде јавноста и општествената согласност за промените, преку:
– консултации со учесниците во образованието и стручната јавност,
– проектирање на 10 годишен развоен образовен циклус и
– дизајнирање на нов Институт за развој на образованието.

Уште еднаш на потенцирам, ветуваме дека оваа учебна година ќе заврши без екстерно тестирање, со посветени наставници, мотивирани ученици и позитивни родители.