Вооружен маж во саботата во бразилскиот град Сао Паоло се обиде да ограби мајки и деца пред приватно училиште. Но, се спречи една од мајките која е полицаец и тогаш не била на должност.

Напаѓачот Еливетон Нивес Морира, 21, беше совладан од Силви Састре, 42. Откако тој кон децата и родителите што чекале да одат на приредба по повод Денот на мајката, вперил оружје, Сестре од ташната вади пиштил и испукува два куршуми во него, тој паѓа на земја, испукува два пати, а таа му става лисици.
Напаѓачот по неколку часа починал во болница.
Покрај тажниот исход, Силви ја сметаат за херој бидејќи спасила недолжни родители и деца, а зад неа има 20 години стаж, а мажена е за полицаец.
Гувернерот Марсио Франка изрази жалење за смртта на момчето.
„Сакаме ова да не се случеше. Но, може да биде предупредување за сите кои посегнуваат по оружје дека имаме добро навежбани полицајци кои знаат да заштитат луѓе“, вели тој.