Селин Дион беше следната ѕвезда што седна во автомобилот на Џејмс Кордон. Во новата епизода на Carpool Karaoke, пејачот ги покажува нејзините вокални вештини додека ја вози по улиците на Лас Вегас.
Дион направи вистинско шоу и при тоа повеќето од прашањата на Кордон ги одговори со рефрени на познати песни. Епизодата започна со дел од “My Heart Will Go On”, а следните беа од хитови на Ријана, Поинтер Систерс и малку променета верзија на детската песничка “Baby Shark”.
Од разговорот меѓу настапите на пејачката се дозна дека таа поседува 3, 5 или 10 илјади пара чевли. “Дури и јас не знам со прецизност”, вели Дион. Кордон пак повторно беше подготвил изненадување на својата гостинка и во колата беше зел неколку кутии со чевли дадени од асистентот. 25 од нив беа поделени на луѓето во Вегас.
Фото: Гети слики
Крајот на шоуто беше грандиозен со тоа што таа и Дион ја испеаја “My Heart Will Go on”, застанати на палубата на мал брод, пресоздавајќи ја познатата сцена од филмот “Титаник”.
Погледнете го видеото подолу.