ВИДЕО: Шакира и Пике на исто место за првпат по раскинувањето, пејачката покажа среден прст

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике неодамна објавија дека се разделуваат по 12 години врска во која  ги добија двата сина Милан и Саша.

Како главна причина за раскинувањето се споменуваше неверството на Пике, а набрзо тој почна да се појавува во јавноста со својата нова девојка.

Пред 12 дена поранешната двојка потпишала договор за старателство над децата, а одлучено е тие да живеат со мајка им во Мајами, а фудбалерот ќе го добие 66 отсто од времето за време на распустот на момчињата, додека Милан и Саша ќе го слави Божиќ секоја година со еден од родителите.

Во саботата, Пике и Шакира за првпат по раскинувањето беа видени на исто место, на бејзбол натпревар на нивниот син.

Тие беа на спротивните страни на теренот, а додека Шакира енергично навиваше во текот на целиот период, Пике главно немо гледаше и се криеше под црните очила.

Во еден момент пејачката го протри окото со средниот прст, по што се насмевна, а со оглед на тоа што беше свртена кон фудбалерот, многумина помислија дека таа го упати овој гест кон него.

Слични содржини