(ВИДЕО) Шарлиз Терон е опасен терорис во трејлерот на „Fast and Furious 8“

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Старите непријатели ќе треба да се обединат, за да го запрат најопасниот хајтек терорист маскиран во преубавото тело на самата Шарлиз Терон.

Откако изглегоа од затвор Декард Шо (Џејсон Стејтам), а Лети (Мишел Родригез) сетија љубов кон домот и семејството, па сите од тимот очекува деновите им да станат помирни и да започнат да уживаат во животот крај океанот.

Судбината сепак им подготвила повеќе адреналин отколку што замислувавте. Овој пат постои уште една опасност која може да се надмине само со цената на многу жртви.

Хајтек терорист во ликот на искушувачката дама е на пат да го уништи светот каков што го знаеме со компјутерско преземање на контролата над сите возила. И тоа не го прави сама. Помош доаѓа од самиот Доминик Торе, кој со лесна рака забива нож во грб на големата љубов и семејството.

За да спречи попеколен план, г-дин Никој (Курт Расел) прибегнува кон помош на двајца крвни непријатели – Хобс (Двејн “Карпата” Џонсон) и Декард Шо (Стејтам), кои ќе треба да најдат начин да работат заедно за да го запрат Торе.

Од брегот на Куба и улиците на Њујорк до снежните рамнини крај арктичкото Баренцово Море, елитната сила повторно ќе крстосува по земјината топка, за да не овозможи на еден анархист да создаде хаос во светот … и да оди дома човекот кој го обединил нивното семејство.

Во “Брзи и бесни” 8, Вин Дизел здружил целосно ѕвезден состав кој ги вклучува Двејн “Карпата” Џонсон, Џејсон Стејтам, Мишел Родригез, Тајриз Гибсон, Крис “Лудакрис” Бриџис, Натали Емануел, Елса Патаки и Курт Расел.

Во прилог на Терон ќе видиме и уште два нови ликови во лицето на Скот Иствуд и добитничката на “Оскар” Хелен Мирен. Режисер на филмот е Ф. Гери Греј ( “Straight Outta Compton”), а продуценти – Нил Х. Мориц, Мајкл Фотрел и Дизел.

https://www.youtube.com/watch?v=o24kAo8CLZE