Постојат сериозни индиции за огромна криминална активност и за сериозна кривична одговорност на многу лица со работењето на ,, Дрисла’, севкупното работење, но и со загадувањето на Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов во интервју за ТВ24.

Италијанскиот стратешки партнер во ,,Дрисла“ е 80 проценти сопственик, градот е 20 посто сопственик и тоа со одлука на претходниот Совет на Град Скопје. Но, според фактичката состојба , капиталот на градот, според сите вложувања е 2.000.000 евра, а фирмата на стратешкиот партнер тежи 10.000 евра. Зголемување на сопственоста тебала да се зголемува согласно вложувањата, но според досегашните сознанија, тоа не е случај. Шилегов во интервјуто за ТВ24 зборуваше и за загадувањето предизвикано и од ,,Дрисла“, вклучително и согорувањето на увезен отпад.
Извор:ТВ24
ДС бараат одговор за тврдењето дека на депонијата Дрисла крај Скопје имало радиоактивен отпад !