На Сицилија вчера паднаа температурните рекорди. Живата се искачи над 43 степени Целзиусови на целиот остров, додека во Палермо е измерен рекорд – 47 Целзиусови степени, што дури ја надминува претходната највисока температура за 3,6 степени Целзиусови.
Десетици домови се евакуирани поради пожари во предградијата на Палермо – пожарите ги загрозуваат куќите, а пожарот на местото за депонирање отпад испушта отровни испарувања.
🔥 Fast moving #wildfires in #Sicily now! This comes after record breaking temperatures were recorded yesterday!
This is From #Palermo airport on the northwest coast.
The #airport has been closed until 11am…
Via: @AeroportoPa pic.twitter.com/mJFInenqCn
— Volcaholic 🇰🇪 🇬🇧 🌋 (@volcaholic1) July 25, 2023
Од некои жители било побарано да се евакуираат, а на оние кои останале им се препорачува да не ги напуштаат своите домови.
Властите известија дека во последните денови на Сицилија избувнале повеќе од 40 пожари, а временските услови придонесуваат за нивно ширење. Топлотниот бран се предвидува да трае и во следните неколку дена.
Ragazzi, #palermo e tutta la #sicilia bruciano da ore, #catania è senza luce e acqua, gli aereo porti principali sono bloccati.
Non se ne parla abbastanza. pic.twitter.com/nS7cQWZ8IY— Flavio (@333flaa) July 25, 2023
Пламените јазли ѝ се закануваат на болницата Сервело, а се приближуваат и до аеродромот во Палермо, кој најави дека ќе биде затворен до 11 часот. Според „Кориере дела сера“ веќе се откажани осум летови, а во пожар бил зафатен и авион на Croatia Airlines.
На Твитер е објавена фотографија од авионот на CA, а во коментарите се појаснува дека Croatia Airlines вообичаено не лета за Палермо, туку дека морале да одат во Палермо бидејќи изгорел терминалот во Катанија.
#Palermo Airport #PMO #LICJ RN 😳
📷Dorica Grošinić pic.twitter.com/THOiwoYVWi— Mare 𝕏 (@mhinic_) July 25, 2023