
Научници тврдат дека Титаник не потонал поради санта мраз, туку поради друга работа која до сега била држена во тајност.
Причина за потонувањето на славниот брод Титаник не била санта мраз туку пожар кој се случил во котларницата и почнал уште пред бродот да тргне на кобното патување. Тоа било чувано во строга тајност, тврдат експсрти кои ги прочувале новите докази, пипува британски Индепендент.
Како што тврдат научниците во документарецот за телевизијата Чанел 4, Титаник потонал поради огнот кој со денови тлеел во потпалубата на бродот.
Најновите истражувања покажале дека главен виновник може да е оганот, за кој експертите тврдат дека тлеел незабележано дури три недели пред судирот на бродот со санта мраз, посочува британскиот весник.
Новинарот Сенан Молони минал повеќе од 30 години истражувајќи ја несреќата Титаник.
„Официјалната истрага за несреќата е окакараткеризирана како Божјо дело. Судирот со сантата и потонувањето не било така едноставно. Тоа било спој на неочекувани фактори: оган, мраз и немар, објаснил Молони во документарниот филм Титаник: Нови докази (Titanic: The New Evidence).
Истражувајќи ги старите фотографии, кои ги снимиле бродските инженери, бродот кој го напуштил бродоградилиштето во Белфаст, воочил црни траги долги повеќе од 10 метри на предната десна страна од бродскиот труп, точно позади местото каде сантата мраз го пробила трупот.
Експертите потврдуваат дека темните траги настанале поради пожар во трокатниот магацин за гориво кој се наоѓал позади една од котларниците.
Екипа од 12 луѓе се обидела дса го изгасне пожарот кој избегнал од контролата, а температурата можела да достигне до 1.000 степени целзоусови.
Поради долготрајната изложеност на високата температура, тврдат експертите, трупот на бродот бил доволно слаб, кој при ударот на сантата на мразот го оштетила и Титаник на крајот потонал.
Повеќе од 1.500 луѓе загинале во потонувањето на Титаник кој исчезнал во длабокиот океан во 1912 година.