Видео што ја шокира Франција: Полицаец впери пиштол во „жолтите елеци“

од desk2
124 прегледи

Службеник извади пиштол откако демонстранти на Елисејските полиња во Париз го симнаа од мотор, но не испука куршум.

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на француски полицаец кој впери пиштол во демонстрантите додека тие го нападнаа. Синдикатот на полицијата соопшти дека нивниот колега делувал во самоодбрана.

Полицаецот извади оружје откако демонстрантите на Елисејскит еполиња го соборија од мотор, но не испука куршум. На видеото се гледа како други полицајци шутираат демонстранти кои ги напаѓаат.