(ВИДЕО) Шврговски за афера „Списоци“: СЈО не ја донело одлуката на памет

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Првиот човек кој го водеше државното обвинителство во време на аферата „Списоци“, сега вели дека не се сеќава на тој случај. Љупчо Шврговски во телефонски разговор за 24 вести не сакаше да коментира што очекува од Специјалното обвинителство и како Катица Јанева повторно ја отвори истрагата за оваа афера, која неговите колеги во 2011-та ја затворија со образложение дека нема докази.svrgovski32

Според одредени медиуми, токму  сегашниот шеф на обвинителството Марко Зврлевски ја водел  и ја заклучил истрагата во 2011-та година. Тој денеска одговори дека е надвор од државата и беше  недостапен за коментар.

Ако донеле одлука во СЈО, сигурно не ја донеле на памет, туку врз основа на докази. Јас не се сеќавам на тој случај, се сеќавам од она што беше објавено на телевизија, инаку предметот не бил рефериран кај мене. Јас не работев на случаи, туку бев одговорен за институцијата, изјави Љупчо Шврговски.

 Аферата „Списоци“ во Јавното обвинителство фигурираше само десетина дена, а за сериозноста на делата A1 телевизија која тогаш објави за изборните нерегуларности ги извести и домашните и меѓународни институци. Поранешниот шеф на обвинителството во изјава за 24 вести не се сеќава ниту дека добил препорака од ОБСЕ да направи се што може за да го расветли случајот. Мисијата на ОБСЕ која ги следи изборите оцени дека телефонските разговори со гласачите кои признаваат за договорени 15 гласачи се веродостојни докази.

Вчера новинарките Стојановска и Цветковска беа повикани како сцедоци за овој случај.

Извори од СЈО велат дека се уште не ги побарале списите од предметот што се водеше во основното обвинителство. Предметот сега се води во рамки на Титаник, во која меѓу организаторите за изборни местенки е и екс министерката Гордана Јанкуловска. Таа пред 5 години кога излезе аферата „списоци“, ја оцени како манипулација.

Така што во контекст на оваа шпекулација или манипулација која ја пласираше А1 ТВ како еден од коалиционите партнери на СДСМ, навистина не постои никаква потврда или било каков доказ кој би водел до таков заклучок, изјава Гордана Јанкулоска – архива 2011 година.

Според одредени медиуми, токму сегашниот шеф на обвинителството Марко Зврлевски ја водел и ја заклучил истрагата во 2011-та година. Тој денеска одговори дека е надвор од државата и беше недостапен за коментар.