(ВИДЕО) Си-Ен-Ен со нов скандал: Емитуваше репортажа за атентат и убиство врз новоизбраниот претседател Трамп на церемонијата

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Телевизискиот канал Си-Ен-Ен емитуваше репортажа посветена на она што би се случило со американската политика, ако Доналд Трамп биде убиен за време на церемонијата на неговата инаугурацијао. Репортажата е поставена и на YouTube.
“На церемонијата ќе има две линии за следење. Првата – администрацијата на Барак Обама, која се уште е на власт. Втората нема да се појави се додека Доналд Трамп не ја презеде функцијата, а Сенатот не го одобри неговото назначување “, објаснува репортерот политикологот Џон Форте.

Новинарот Брајан Тод ја разгледува варијантата дека ќе биде убиен не само Трамп, но и потпретседателот и највисоките лица од конгресот по инагурацијата. Ако и со нив се случи нешто, обврските на претседателот ќе ги вршат министрите, почнувајќи со државниот секретар, објаснува новинарот.

Американците, ја видоа репортажа, а потоа возриа социјалните мрежи со недоумица – зошто телевизијата поттикнува кон убиството на избраниот претседател.
“Најверојатно, СНН смета дека тоа е нормално – отворено да се залага за атентат врз избраниот претседател Трамп за да се задржи на власт администрацијата на Обама”, пишува корисник на Твитер.

Претходно друг медиум – “Дејли мејл”, покажа друга варијатна против Трамп. Британското издание плете интриги со стари слики од воздушна борба меѓу Ф-16 и руски С7-27 и дека Америка се подготвува за војна со Русија на денот кога милијардерот победил на изборите.