Сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче, на својот Фејсбук профил објави видео од демонстраните кои синоќа беа собрани пред нивната куќа.
„Жално Македонијо, Жално ќе ве замолам убаво ислушајте ги недоличните коментари 23 години работам во полиција и штитам народ и држава“, напиша тој на Фејсбук.

Синоќа група демонстранти се пред куќата на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски во скопско Бардовци, за да го изразат незадоволството од гласањето во Собранието за Законот за употреба на јазиците.
Нејзиниот имот е обезбедуван од полицијата.
Пратеничката Фросина Ременски синоќа на својот Фејсбук профил реагираше за насобраните.




Претходно, демонстранти беа пред домовите на повеќе пратениците од СДСМ, а во Виница беше запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ.