Многу штета има претрпено населението од овие региони, најмногу земјоделците: преку земјоделските површини и после повлекувањето на водата сигурно нема да можат да остваруваат приходи, како и граѓаните со поплавени домови, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во селотоЛоговарди, при денешната посета на пелагонискиот регион којшто е најзафатен од поплавите..

– Знаеме дека оваа катастрофа и состојбата во којашто се наоѓаат граѓаните во Република Македонија има име и презиме, а тоа е Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Тие со своето недомаќинско и неодговорно однесување, во последните 8 години допринесоа за една ваква состојба во којашто се наоѓа државата. Наместо да вложуваат финансиски средства коишто ќе се користат за чистење на речните корита за одводните канали, барем да ги користат парите коишто им ги земаат на земјоделците за наводнување и одводнување за намените коишто ги користат. Тогаш ќе имаше превенција на ваквите состојби. Меѓутоа тие, тие пари ги користат за други намени и ги оставија граѓаните на милост и немилост во овој регион и воопшто во Република Македонија – рече Спасовски./+Инфо

Слични содржини