(ВИДЕО) Спенсер Туник повторно сними фотосесија со стотици голи модели

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Уште еднаш, американскиот фотограф Спенсер Тунек употреби стотици луѓе за негова фотосесија.

Овој пат, снимката е од Мелбурн, каде што стотици премрзнати Австралијци ги симнаа сите свои облеки во името на уметноста.

Луѓето се собраа на паркингот на покривот на еден супермаркет во Мелбурн, објавија светските агенции.

Околу 500 волонтери, избрани од 12.000 кандидати, стоеја или лежеа на бетонот, покриени само со транспарентна црвена крпа.

Температурата изнесуваше 7 Целзиусови степени, но се чувствуваше пониска поради ветрот. Со оглед на студеното време, Спенсер Тунек се бореше да ја заврши фотосесијата што е можно побрзо.

Се одржа во градот Родос, предградие на Мелбурн. Облачниот ден се покажа како поволен за сликите, бидејќи немаше промена во светлината.