
Украинската полиција започна со акција на растурање на поставените шатори и демонстранти, кои од вчера се во главниот град Киев и се стационирани на улицата Грушевски. UNIAN објави дека нападот започнал околу 5:20 часот по локално време.
Специјалците почнаа со палки да ги отстрануваат шаторите и демонстрантите од улицата „Шелковична“. Органите на редот веднаш почнале да ја заземаат територијата на плоштадот на Уставот, и на тој начин им оневозможи на демонстрантите да се утврдат.
Во времето на нападот, повеќето активисти биле на аголот на „Грушевски“ и „Липса“, од каде, според прелиминарните податоци, демонстрантите требало да тргнат кон администрацијата на Претседателот. Исто така на аголот на „Грушевски“ и „Липса“ стои кордон на Националната гарда и посебни делови, од полицијата чиј број е околу 300 лица.
Во моментов ситуацијата е релаксирана, но по обидот за напад, некои активисти со помош на железни предмети отстранети од плочките од тротоарите да даваат отпор. Други активисти ги убедувале дека тоа не е во ред.