ВИДЕО: Стравичен напад врз Запорожје: Ракети погодија и стамбени згради

од Stefanija Kuzmanovska
153 прегледи

Руските војници извршија масовен напад на Запорожје, а беа погодени и станбени згради, пишува украинскиот портал „Страна“.

Оваа вест ја соопшти шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак.

На социјалните мрежи се објавуваат видеа од последиците од нападот на Запорожје.

На видеото се гледа пожар во две висококатници, облаци чад во приватниот сектор и уништени станови.

Воената администрација на Запорожје известува дека нападот продолжува и ги повикува граѓаните да не ги игнорираат сигналите за опасност.

Слични содржини