Минди и нејзиниот сопруг биле на конец да направат огромна грешка, сакале да го дадат своето куче на друго семејство заради еден премногу необичен инцидент. Нештата се развиле во една далеку позитивна насока. Набрзо откако го посвоеле симпатичното куче Папилон, тој почнал агресивно да го уништува мебелот и да трча како луд низ куќата во Охајо. Двојката си помислила дека можеби љубомори на новородената ќеркичка и се обидува да го привлече нивното внимание, пишува Канал3.

Един ден Минди била сама дома со Папилон и ќерката си Рејчел, која била само на пет недели тогаш. Бебето токму било заспано и мајката одлучила да го искористи моментот и да направи брз туш.
Додека Минди била на туширање, Папилон почнал жестоко да лае во другата соба. Отпрвин таа не обрнувала внимание и не излегла од бањата.
Минди се загрижила дека со лаењето ќе го разбуди бебето, но токму кога тргнала да излегува од бањата, Папилон влефол низ вратата кај неа и покажал глава под завесата на кадата.
Минди раскажува дека во овој момент се сеќаваат на филмот “Леси” и како луѓето и животните во него си комуницирале. “Помислив дека можеби се обидува да ми каже нешто, но не знаев што. Во филмовите човекот ќе го следи кучето, па решив и јас да го направам истото”, се сеќава таа.
Откако го следела Папилон, тој ја однел директно кај бебето и со подскок ги поставил предните шепи на креветчето. Тогаш жената забележала дека усните на Рејчел се сини.
Видете целата историја на ова неверојатно куче во видеото: