(ВИДЕО) Тајно се поставуваа споменици во центарот на Скопје

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Нова серија на споменици во вчерашните рани утрински часови беа набрзина поставени во центарот на Скопје. Спомениците кои прикажуваат светци ќе ја красат административната зграда која се гради до Македонската опера и балет, информираше ТВ24.

Во раните утрински часови поточно во 3 часот и 30 минути по полноќ, повторно беа поставувани споменици во централното градско подрачје. Откако ја забележаа камерата на ТВ 24 работниците веднаш престанаа со својата работа, а преостанатите споменици кои беа предвидени да бидат поставени, беа набрзина повлечени.

Работниците потврдија дека со поставувањето на спомениците започнале доцна во ноќта, откако ги добиле материјалите, нивниот претпоставен, пак, со спротивно тврдење.

„Како стигне материјалот, така работиме. Денес стигна некаде во 20 часот“, изјавија работниците.

Екипата на Телевизија 24 не доби одговор и на тоа за кои светци станува збор и зошто се поставуваат споменици за време на викенд во 3 часот по полноќ.

Поставувањето на споменици доцна во ноќта не се случува првпат. Таков беше и случајот со спомениците кои доцна во ноќта беа поставени во Центар по локалните избори во 2013 година, кога меѓудругите поставени беа спомениците на Христо Узунов, Павел Шатев, Христо Татарчев, а неодамна таков беше и случајот со споменикот на албанскиот деец Пјетер Богдани.