Еден од најдобрите тенисери во дубл во историјата , Американецот Мајк Брајан е казнет со 10 000 долари зашто на мечот од второто коло на УС Опен го впери рекетот како пушка кон судиите.

Мајк побара проверка на мечот и ја доби, по што направи гест кон линискиот судија, а потоа и кон директорот.
„Само кажи ми брзо што направив и каков беше мојот гест“, и рече Мајк на судијката, откако го предупреди, а Маријана Алвеш одговори:
„Направивте гест пред линискиот судија и кон мене, го направивте тоа со рекетот како да е пушка. Мислам дека не е соодветно“.