(ВИДЕО) Тешко за СЈО – уште потешко за „клиентите“

од Vladimir Zorba
69 прегледи

2016 помина во знакот на СЈО и буквата Т, анализира 24Вести.

Тимот на Катица Јанева влезе како торнадо и предизвикаа вистинска бура во правосудната и политичката сфера торпедирајќи со своите Т случаи, но не беше лесно на почетокот, а не е лесно ниту на крајот од годината.

Катица Јанева, специјална јавна обвинителка:

„Сите ме охрабруваат и јас да бидам храба и исправено да стојам пред бурите и ветриштата што му се спротивставуваат на Специјалното јавно обвинителство уште од самиот почеток на неговата работа“.

Не им беше лесно ниту на осомничените во предметите на СЈО кои дефилираа во судските ходници и во обвинителските простории.

Гордана Јанкулоска, Никола Груевски, Сашо Мијалков, Елизабета Канческа Милевска, Горан Грујевски, Владимир Талески… и сите тврдеа дека случаите против нив се политичка конструкција.

Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ :

„Специјалното јавно обвинителство прави чекори кои се нарачани и дека тоа веројатно го посакува нивниот нарачател кој што во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови“

 Гордана Јанкулоска, поранешен министер за внатрешни работи :

„Не се чувствувам виновна ниту по овој случај ниту по кој било друг случај што ќе го исконструира СЈО“

Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура :

„Сакам да истакнам дека ова е чист политички театар организиран од СДСМ“

Тонски Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола :

„Мислам дека се работи за еден наметнат процес убеден дека телефонскиот разговор не е причина да се прави ваква политичка хајка“

Никој од осомничените од СЈО не помина подолго време во притвор, но затоа пак под неразјаснети околности во својот дом почина сведокот Коста Крпач.

Наспроти деветте Т на СЈО, лидерот на опозицијата се соочи со две П на редовните обвинителства, „Поткуп“ и „Пуч“. Иако Јанева го презеде „Пуч“ опструкциите не завршија.

Зоран Заев, лидер на СДСМ :

„Ова е доказ како се инструметализира и како се става под контрола судството заради едни забегани политики во Република Македонија. Денеска не се одржа рочиште заради тоа што главниот сведок Единствениот сведок Никола Груевски реши да не се појави.

Европски реформираното македонско судство полека почна да се урива само од себе како што и првиот човек на Кривичниот суд, Панчевски, почна да ги урива двата ката доградба на неговата зграда во строгиот центар на Скопје. Тој беше посочен и како главен кочничар на работата на СЈО, а стана познат и по судските соопштенија.

Целиот текст можете да го прочитате тука