
Замислете робот кој може да се вклопи во ранец и во исто време да биде ваш пријател. Да, малку е чудно, но новитет на Тојота е токму таков, пишува CNN. Тие го опишуваат својот мал робот како “минијатурен комуникациски партнер развиен да обезбеди комуникација”. Малиот пријател се вика Киробо Мини 4 и е многу љубопитен и смешен. Покрај се друго, тој може да разговара со сопственикот и да го препознава неговото расположение само по изразот на лицето.
Lonely at the wheel? Toyota wants to sell you a talking robot to keep you company https://t.co/YLcxf2pDmM pic.twitter.com/qeiYzJeSp1
— CNN (@CNN) November 22, 2016
Киробо може да биде поврзан во автомобил или дома, и ќе му обезбеди на носителот забавно и интересно друштво. Тојота планира ставање во прозиводтсво на малиот робот за почетокот на наредната година, а цената на Киробо ќе биде околу 400 долари. Роботчето ќе се продава само во Јапонија и не се предвидува да се шири низ целиот свет. Киробо е наследник на најпопуларните во 90 години на минатиот век тамагочита. Малиот Киробо сепак е многу посебен од нив, бидејќи создава чувство на вистински разговор.