Доналд Трамп среде кампањата одвои време за да им подели пица на своите поддржувачи, па дури и се потпиша на градите на една девојка.
Трамп беше снимен како им дели пица на ентузијастичките поддржувачи во Kathy’s Treehouse Pub & Eatery во Бетендорф, кои скандираа „Го сакаме Трамп“.
‼️WATCH: Donald Trump signed an enthusiastic woman’s chest and arm at a pizza parlor in Iowa today. pic.twitter.com/AYGUzKFMol
— Steven Steele (@MrStevenSteele) September 21, 2023
Видеото е споделено на Х, а во кафеаната се собрале повеќе од стотина луѓе.
Трамп делеше бесплатна храна и може да се слушне како му вели на ентузијастичкиот поддржувач: „Земи, човеку“.
Освен што им делеше пици на навивачката толпа, Трамп успеа да израдува и една ентузијастичка келнерка.
Имено, тој ја потпишал на горниот дел од маичката, а потоа и на подлактицата.
„Многу ни е чест што те имаме тука, ти благодарам многу. Те сакаме. Татко ми е твој фан број еден како и сите ние“, возврати атрактивната русокоса.
Инаку, ова не е прв пат Трамп да дојде во ресторан и да им се обрати на своите поддржувачи.
Во април, тој застана во локалната пицерија по долгиот говор во Форт Мајерс, каде што ги праша фановите дали сакаат да уживаат во парчето кое тој веќе го гризнал.
Поранешниот претседател го посети и култниот кубански ресторан Версај, откако се појави пред федералниот суд во Мајами во јуни, каде што исто така понуди да купи оброк за секој што случајно ќе се најде таму.