(ВИДЕО) Трите Македонки кои веќе се пласираа во втор круг на „Пинкови ѕвездички“

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Ако се сомневавте дека по такви успешни пласмани за македонските претставници во претходните две сезони на музичкото талент шоу „Пинкови ѕвездички“, веќе немаме таленти за располагање на натпревар и дека нема шанси претходните достигнувања да се повторат, погледнете ги трите видеа во продолжение! Третата сезона на натпреварот за деца само што емитуваше две епизоди, а ние имаме веќе три многу талентирани Македонки кои ги добија по сите 5 гласа од жирито.befunky-collage

Во првата емисија се запознавме со Мина Блажев и Александра Трајческа. 12-годишната Трајческа од Прилеп ја отпеа „Like I’m Gonna Lose You“ од Меган Трејнор и со својот сладок и кадифен глас ги растопи срцата на сите членови од жирито.

Додека 13-годишната Мина од Скопје настапи со предизвикувачката „It’s a Man’s World“ од Џејмс Браун, која ја изведе маестрално и ги воодушеви судиите, па тие ѝ порачаа дека одвај чекаат да ја видат повторно.

Но, веќе наредната емисија, добивме уште едно неочекувано изненадување! 9 годишната Драгана Јовановска од Куманово, инаку ќерка на фолк пејачката Тања Јовановска Трајкова, се претстави со темата „Проклета недеља“од „Парни ваљак“. Таа доби навистина „сјајни“ коментари (со зборовите на жирито) и исто така се пласираше директно во следниот круг.

 

https://www.youtube.com/watch?v=xEq4cWJyxKQ

Иако немаме можност да ги следиме емисиите на нашите телевизиски екрани, очигледно следи една сезона на пејачи со кои ќе можеме да се гордееме. Сепак, не залудно Елена прокоментира: „Ма што ќе правиме ние со вакви сјајни македонски пејачи?“