– Три лица се повредени синоќа при сообраќајна несреќа на возило од придружбата на поранешниот црногорски претседател и премиер и актуелен лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ. 
Како што јави црногорската државна телевизија РТЦГ, несреќата, при која возилото изгорело, се случила во местото Кокоти на патот Подгорица – Цетиње.
Засега не се соопштени повеќе детали за несреќата, нејзините причини, како ниту идентитетот на повредените и нивната здравствена состојба.