
Холивудската актерка Ума Турман доживеа кошмарна несреќа за време на снимањето на кадрите за филмот „Убиј го Бил„, кој е во режија на Квентин Тарантино.
Ова го соопшти Њујорк тајмс, кој објави видео од инцидентот. Пред опасната сцена, режисерот ја уверил актерката дека е безбедна. Тој и рекол дека патот е безбеден и дека автомобилот не е дефектен.
За време на возењето на кабриолетот со брзина од 65 километри на час, Турман удри во дрво. По ова нејзе и беше дадена медицинска помош.