Ако некогаш сте се прашувале како би изгледала Земјата кога некој би го повлекол имагинарниот чеп на дното на океанот, и сета вода истече низ него, IFL Science има одговор.

Прашањето „Што би се случило кога на дното на Маријанската бразда би се отворила дупка од 10 метри“ прв пат е поставено пред неколку години во книгата „What If?: Serious Scientific Answers to Absurd Hypothetical Questions“.
За оние кои бегале од часови по географија, Маријанската бразда е најдлабоката точка на океанот, која се наоѓа на дното во западниот дел од Пацификот, источно од Маријанските острови.
Користејќи различни научни извори и Берналиевото едначење за мерење на проток на незапирливи флуиди, корисник на редит по име Винициа направи интересна анимација која дава одговор на ова прашање.