(ВИДЕО) Вил Смит признава дека отишол предалеку играјќи роб во „Еманципација“

од Vladimir Zorba

Вил Смит мисли дека отишол предалеку додека се подготвувал за својата улога во историскиот акционен трилер „Еманципација“. За време на интервјуто за емисијата на Кевин Харт, оскаровецот се отвори за последиците со кои се соочил додека го снимал филмот минатата година.

Во филмот, Смит го игра Питер, роб од Луизијана, кој бега од својата плантажа во потрага по своето семејство.

„Отидов предалеку“, се сеќава Смит, додавајќи дека само зборувањето за искуството му носи солзи во очите.

„Сакав да ја почувствувам деградацијата и отидов предалеку. Нивото на човечка бруталност е неверојатно, тешко е да се разбере што сме способни да им направиме на другите“, изјави тој.

Смит сакал да ја почувствува тежината на синџирите со кои биле врзани робовите.

„Набавивме стари синџири, ми ги ставија околу вратот. А потоа се обидоа да ме отклучат, но клучот не работеше. Се обидував да се смирам, но тие не можеа да го симнат ланецот. Бев на работ на хипервентилација“, вели тој.

Но, тој истакнува дека ништо не би менувал.

„Снимањето на тој филм беше едно од најголемите искуства што сум ги имал како актер. Питер ме запозна со Бог. Мојата вера стана посилна откако работев на тој филм“, заклучил тој.

Слични содржини