(Видео) „Виновна е месечината“ – почна венецискиот карневал

од Vlatko K
132 прегледи

Венецискиот карневал почна со ноќна пловидба на тема „Виновна е месечината“. Гледачи од двете страни на славниот канал Рио ди Канареџио ги следеа танчарите под маски на бродовите украсени со месечеви светилки, придружувани со музика.

Карневалот кој има повеќевековна традиција му претходи на велигденскиот пост и трае две недели, а кулминацијата е во четврток, на празникот Марди Грас.

Темата е избрана во чест на 50-годишнината од стапнувањето на човекот на Месечината, а алудира и на „Отело“ од Шекспир, каде што таа е „виновна дека ги полудува луѓето“.