Владиката Петар откако го испеа опелото, ја запеа „Послушајте патриоти“ на панихидата по повод 115 годишнината од смртта на Методија Патчев, што вчера се одржа на неговиот гроб во прилепско Кадино Село, каде присуствуваа членови на неколку патриотски здруженија кои со знамиња беа дојдени на гробот, информира Телма.

Постапката на владиката предизвика реакции и критики, затоа што свештено лице наместо црковни, пее световни песни. Но, митрополитот Петар не гледа ништо лошо во тоа, туку смета дека покажал и доблест што пеел патриотски песни.
„Да се пеат некој непристојни песни, да, јас лично би забележал и би барал прошка за тоа. Има Владици кои се однесуваат непристојно, а народот не реагира , а реагира затоа што Владиката запеал патриотска песна“, вели Г. Петар, митрополит Преспаснко-пелагониски.
Владиката вели дека неговата постапка нема политичка заднина и не може да се поврзе со актуелните политички случувања.
Целиот текст можете да го прочитате тука