Грција се соочува со „најголемиот пожар некогаш регистриран на територијата на Европската унија“, изјави портпаролот на Европската комисија, посочувајќи дека 27-те земји-членки на ЕУ во моментов мобилизираат речиси половина од заедничките европски воздушни сили за да ѝ помогнат.
„На помош на Грција се испратени 11 авиони и еден хеликоптер од европската флота. Огнената стихија го зафати Националниот парк Дадија на североистокот на земјата. Таму се испратени и 407 пожарникари“, изјави портпаролот на ЕК Балаш Ујвари.
Во август, Грција го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ по втор пат ова лето, а ЕУ распореди 11 противпожарни авиони rescEU од Хрватска, Франција, Германија, Шпанија, Шведска и Кипар, хеликоптер Blackhawk од Чешка, 407 пожарникари и 62 возила од Бугарија, Кипар, Чешка, Франција, Романија, Словачка и Србија.
BREAKING: Current Greece fire is the biggest wildfire ever recorded in the European Union. pic.twitter.com/CZ8zo7oC1f
— The General (@GeneralMCNews) August 29, 2023