
На Мајдан, под прозорците на Министерскиот совет во главниот град на Украина Киев протестираат работничките од секс индустријата. Тие изразуваат револт против казните со кои власта ќе ги казнат сите кои се занимаваат со проституција, соопшти korrespondent.net.
Во центарот на Киев веќе почна протестниот марш. Учесниците во него ги кријат лицата зад маски и темни очила. Се забележува силно полициско присуство.