(ВИДЕО) Во Романија полицијата и црквата си помагаат во егзорцизмот: Ги гонат злите духови од жена

од desk3
75 прегледи

Вознемирувачко видео од ритуал на религиозен егзорцизам во Романија ја обиколи светската мрежа. Инцидентот покажува “Опседната од страна на злобниот дух” жена која вреска, држена од полицајци, кои ја водат до ковчег со мошти, за да може свештеник да ги изгони злите сили од неа. Случајот е од одбележувањето на празникот на Света Параскева во катедралата во градот Јаши, каде оваа година се собраа над 300 000 православни христијани, кои веруваат дека изнесените мошти лекуваат.

0486207001476960865_569961_292x224

Видеото покажува дека полицајците за заштита на настанот, очигледно, исто така, се ревносни христијани, бидејќи кога една од жените добива криза, тие наместо да ја одведат до брза помош, ја фаќаат цврсто и водат кај моштите. За време на тоа влечената жената вреска и се слуша како вели “Не, каде ме водите?”. Кога ја доведуваат до стаклениотковчег со моштите, постара жена насила ја притисока главата кон него, а полицајците ја држат. Доаѓа и свештеникот, кој извршува ритуал и инсистира: “Не ја пуштајте”. Жената вика: “Нема да излезам”.
Не долго после сепак таа се одбива да се противи, изгледа уморна и пред се онесвести, а од толпата се слуша глас: “светица навистина прави чуда”. Потоа изнемоштената жена е одведена од полицаец и парамедик до здравствен пункт, а повозрасната жена забележува дека методите на модерната медицина не се потребни, пишува Мирор.

https://youtu.be/Aja-BLQAZo8
Медиумите во Романија му поставија прашање за шефот на полицијата Јонут Катана дали е нормално полицајци да вршат ритуали за егзорцизам. “Полицајците не извршувале егзорцизам. Навистина изгледа дека жената има потреба од медицинска помош. Тие ја одведоа до пунктот , но патот за таму поминува низ моштите. А не дека ја одвеле кај нив намерно”, изјави тој. Според сведоци, сепак, кога жената почнала да се добива некакви напади полицајците ја фатиле, од толпата се појавиле гласови да ја одведат прво кај моштите и тоа е причината за одлуката на органите на редот.