(Видео) Заев до Силјановска: Дали таа го изработи актот на скандалозната амнестија која ја донесе Иванов

од Марта Пешевска
107 прегледи

Дали Гордана Силјановска е изработувачот на актот за амнестија којшто Иванов го даде, а Иванов го потпиша. Да и даде одговор чесен на јавноста, побара премиерот Зоран Заев на вечерашната трибина во Велес.

-Дали таа како негов соработник и советник го изработи актот на амнестијата кој што Иванов ја даде, која што секако после тоа под притисок на вас граѓаните ја поништи, праша вечерва од Велес.

-Јас знам, знаат и повеќе луѓе, немој да се лажеме, едно е да немаш став, друго е да се лажеме. Убаво е да се даде одговор на ова прашање, да знаат граѓаните, кога така зборуваме за правда. Правда и амнестија се различни работи, сосема спротивни, затоа што таа чека мандат меѓу другото и да даде амнестија на Груевски да се врати, рече вечерва премиерот Зоран Заев на трибината за поддршка на Стево Пендаровски.