Регионалната музичка ѕвезда Жељко Самарџиќ овие денови престојуваше во Мостар, својот роден град, каде промовираше нова песна и спот кои ги сними со мостарската група Синергија. Песната “Da je sreće” сигирно ќе биде хит.

„Кога сум во Мостар се чувствувам убаво, ова е мој роден град. Некако, не ја преспивам ноќта, не можам да ви опишам, тоа е посебна емоција“, вели пејачот за својот град.
Она што изненадува се фотографиите од промоцијата, на кои Самарџиќ е со речиси непрепознатлив имиџ. Пуштил стилизирани мустаќи, брада, а се заедно едвај потсетува на познатиот пејач. Сепак, штом го пушти гласот, знаете дека се работи токму за Жељко Самарџиќ.
Пејачот за својот нов имиџ вели дека кога ќе застане пред огледало може сам со себе да разговара, затоа што во огледалото гледа некој сосема друг човек.