
Во Нотингем беше отворена необична “соба на гневот”, во која бесни посетители можат да ја истурат нервозата, кршејќи домашни предмети со палка ,со чекан или со раце и нозе, пишува “Дејли мирор”.
Идејата доаѓа од 25-годишниот Зак Спенсер, кој потрошил 7 500 фунти за опремувањето на собарата во напуштена капела. За 35 фунти мераклиите можат да ја истураат злобата своја врз околните објекти 20 минути.

Зак Спенсер, кој е поранешен возач на електрокар, нуди различни пакети на корисниците во зависност од потрошените предмети. Најевтината комбинација е од 13 фунти за 15 минути. Таа обезбедува кршење на 5 ситни предмети од стакло и керамика.
Може да биде искршен на парчиња и стар принтер за доплата од 4 фунти.
https://youtu.be/sK3TXZKVpoQ