(ВИДЕО) Беснеат огромни пожари во Грција – заглавени туристи на плажа

од desk3
98 прегледи

Огромниот пожар кој беснееше во Лаконија, јужна Грција, ги присили локалните власти да евакуираат жители на три населби. На местото на пристигнале пожарникари, авиони и хеликоптери, кои се борат да ја совладаат огнената стихија. Крајбрежната стража испраќа чамци за да ги превезат мноштвото луѓе, кои се наоѓаат на плажа.Издадена е наредба еден од седумте авионот да оствари вонредно слетување. Двајцата пилоти не се повредени. Со пожарот се борат два хеликоптери, 120 пожарникари, речиси 30 војници и 50 цистерни.

Во источните покраини на грчката престолнина Атина избувнал голем пожар кој поради силниот ветер брзо се зголемува.