Мажите може и да не носат шминка (барем не истакната), но тие сепак обрнуваат внимание како изгледа лицето на нивните половини. И иако трендовите во мејкапот нѐ советуваат да се потпираме на природниот изглед, се испоставува дека претставниците на посилниот пол паѓаат на дами, кои ги истакнале силно очите и усните.
Сајтот Buzz Feed направи краток експеримент во кој собра три парови и ги праша машките половини со каква шминка би сакале да ги видат вашите омилени жени.
Трите дами признаа дека не се фанови на декоративната козметика и прибегнуваат кон неа само во краен случај (свадби и др. слични свечени настани). Тие беа доверени на грижата на професионална шминкерка која строго ги следеше упатствата на мажите. А еве и каков е крајниот резултат -сочни црвени усни и очи нагласени со црна очна линија.