Техниката во шпионскиот центар за радиоелектронско  разузнавање во Македонија била испорачана со траилери од бугарската престолнина

20160123.xgfgqjgkql
Во Грција се разгорува голем новинарски скандал. Едно од најголемите грчки  изданија “Катимерини” била присилена да тргне од својот  сајт публикација за директно учество на ЦИА во распадот на Југославија, пријавеи vesti.ru.
Масовни стрелање, убиства на мирно население, етнички чистки – ова се крвавите епизоди од југословенските војни, во кој меѓусебно се уништуваат Срби, Хрвати, Бошњаци и Албанци, кои претходно живееја мирно во една земја. А зад сето тоа стои ЦИА, се тврди во публикацијата на “Катимерини”, која дава нови информации за тоа како непосредно пред војната американското разузнавање  сработило тотално прислушување на сите земји во регионот.

“Од моментот на одвојувањето од Југославија во македонистите просотори почнаа активно да дејствуваат американски разузнавачи. Раководството на операциите се засили од ЦИА, а во 1992-93 година под негова контрола беа Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи на Македонија”, се вели во статијата.

Во публикацијата е опишана и разузнавачка структура на ЦИА на Балканот: штабот бил лоциран во амбасадата на САД во Софија, а негови поделба имало во Хрватска и Босна. Центарот во Македонија задолжен за радиоелектронско  разузнавање. Опремата за него било доставувана со траилери од Софија, а за монтажа бил  задолжен лично тогашниот македонски министер за одбрана Владо Поповски.

“Главното во оваа статија е дека се наведените  конкретни луѓе имиња , високи чиновници, кои работеле рака под рака со ЦИА. На пример се тврди дека  министерот за одбрана на Македонија бил американски шпион. Секако тоа не може да  им се допаѓа на официјалните лица”, коментира американскиот политиколог Пол Крег Робертс.циа ЈУ

За информации на новинарите стручњаците од македонското УБК  Бранко Друзевич и Станко Пипало имале контакт со Американците и  југословенскиот армиски шифратор KZU-71 и им ги соопштиле сите фреквенции и  ТАЈНИ лозинки . Ова и овозможило на ЦИА да имаат постојан пристап до сите  тајни информации на Југославија.

“Американското разузнавање и денес има многу силна мрежа на Балканот. Таа ги покрива  сите земји тука, вклучувајќи и Србија”, истакнува водачот на Српската радикална партија Воислав Шешељ.

Буквално два часа по објавувањето на статијата била симната од сајтот на грчкиот весник, но останува скриншот од злогласните материјал. “Тоа можеше да се очекува, ЦИА секогаш се следи”, коментира новинарот Павел Онопко, кој работи во Грција.

“Нашата цел беше да  ги спротивставиме републиките и тие да се отцепат од Југославија. Требаше да има  намерно кој да е виновен за војната и насилството и беше одлучено тоа да биде Србија, бидејќи таа во голема мера беше синоним на Југославија”, искрен е поранешниот агент на ЦИА, Роберт Баер. Тој служел во 90-тите години на Балканот и раскажува дека американското разузнавање свесно  провоцирала несогласувања меѓу  земјите.

 

 

 

 

Слични содржини