(ВИДЕО)Пендаровски се обрати на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки”

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” во Битола.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е покровител на оваа значајна манифестација, рече дека го радува фактот што филмската уметност, како и уметноста воопшто, секогаш успева да опстои, дури и во најпредизвикувачки услови, таа секогаш им пркоси на сите економски и општествени контексти кои не се сосема благопријатни за креативното изразување.

Истакнувајќи дека овогодинешниот фестивал, во изминатите седум дена понуди исклучителна програма и Битола ја претвори во простор за средби и дијалог со врвните филмски и кинематограферски имиња, претседателот Пендаровски за овој успех му честиташе на целиот тим посакувајќи овој фестивал да прерасне во вистинско меѓународно современо културно наследство.

Претседателот Пендаровски ја додели специјалната награда „Камера 300″ на кинематограферот Шејмус Мек Гарви.

Слични содржини