(ВИДЕО)Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

од Nikola Popovski
381 прегледи

Денеска (05.08.2023) Хеликоптерската единица за полициски намени дејствувала во реонот на Свети Николе, каде успешно бил локализиран пожарот кој настана околу 11.30 часот.

Притоа хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412) во 34 наврати исфрлиле 54 тони вода. Пожарот е целосно локализиран.

Поради опасноста огнот да ги зафати блиските штали и викендички, во гаснењето биле активирани припадници на противпожарната единица од Свети Николе и доброволното противпожарно друштво.

Горела сува трева и ниска вегетација.

Слични содржини