(ВИДЕО)Воз удрил во камион кој превезувал автомобили, возила летале на сите страни

од Nikola Popovski

Воз удрил во камион кој превезувал автомобили во Соединетите Американски Држави. Несреќата се случила во градот Холивуд во државата Флорида, пренесува хрватски „Индекс“.

Како што може да се види на видеото на еден од очевидците, камионот натоварен со автомобили бил делумно на шините и практично не се движел во моментот на ударот.

Возот долетал со значително голема брзина и откачил дел од камионот. Автомобилите биле исфрлени од камионот и расфрлани по пругата, што може да се види на видеото.

На видеото снимено по несреќата се гледа дека веќе е темно и дека се стои на местото каде се случил сударот.

Се наведува дека нема повредени лица при овој немил инцидент.

Слични содржини