Унијата не треба да ја ублажува транзицијата кон безвизен режим за Турција, повика австрискиот министер за внатрешни работи Јоана Микл-Лајтнер. Во договорот со турската страна Унијата треба да предвиди “клаузула за раскинување на договорот”, во случај да турската страна почне да ги крши преземените обврски “, изјави таа за јавното радио О1 пред средбата на министрите за внатрешни работи на ЕУ

. Микл-Лајтнер изјави дека генерално се однесува “многу критично” кон оваа идеја. “Големи сомнежи настануваат кога Турција го става опозицискиот весник под надворешно управување, а потоа три дена вади на масата тука (во Брисел) листа на желби, а потоа се очекува и стимулации во форма на визна либерализација. Во таков момент се прашувам дали се однесуваме сериозно кон нашите вредности или тие можат да бидат исфрлени зад врата “, додаде таа. Микл-Лајтнер истакна дека за намалувањето на визите Анкара треба да исполни одредени барања. “За Турција не треба да има исклучоци”, категорична беше министерката. Нешто повеќе, таа смета дека ако ЕУ и Турција постигнат договор за бегалците и за укинување на визите, Брисел “треба да вклучи клаузула за раскинување на договорот”, ако турските партнери не ги исполнат клучните обврски. / ТАСС